Осумнаесетгодишната Алексис Вајнман , Мис Монтана 2012, може да стане првата девојка со аутизам, која ја освоила титулата Мис Америка.Алексис Вајнман е една од 53 натпреварувачки, а се очекува да влезе во финалето, кое на 12 јануари ќе се одржи во Лас Вегас.
Аутизмот и е дијагностициран кога имала 11 години. За да ги надмине проблемите од болеста и заостанувањето во развојот, Алексис работела во драмска група.
Какви и да се резултатите од натпреварот за мис Америка, Алексис Вајнман веќе знае на што ќе го посвети животот.
Откако ненадејно победила на натпреварот за Мис Монтана, таа неколкупати пропатувала низ својата земја каде држела предавања за аутизам.