Насекаде низ светот се прошири веста дека се објавени конечните резултати од аутопсијата на познатата пејачка Ејми Вајнхаус.
Британските медиуми пренесуваат дека смртта на Ејми настапила од последица на преголемо количество на алкохол во крвта.
По нејзината смрт, првите резултати од аутопсијата беа изработени и објавени од страна на неискусна лаборантка, која ги објави во јавноста само неколку недели по смртта на Вајнхаус. Бидејќи тие беа не веродостојни, потребно беше да се направат уште неколку испитивања и анализи, за да се објави конечната причина за смртта на оваа популарна пејачка.
Ејми Вајнхаус почина во 2011-та година, а нејзините хитнови оставија вистински траен белег во музичката индустрија.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: