Топ 5 професии за да запознаете сингл девојки

На сите ни треба работа за да ги платиме сметките, но не значи дека во исто време треба да страда и нашиот социјален живот. Всушност, поголеми се шансите да запознаете девојка на работното место отколку да добиете зголемување на платата. 

Еве неколку работни места каде има најмногу сингл девојки.

1.Бармен

Баровите се полни со сингл девојки кои чекаат да запознаат некое ново момче. Тоа е одлична прилика за вас, бидејќи многу е лесно да започнете разговор додека таа го нарачува нејзинот омилен коктел. Исто така, можете да го забрзате процесот и вие да ја почестите некој интересен пијалок.

2.Продавач на чевли

Жените обожуваат да кувуваат чевли и поради тоа често може да ги најдеме во некоја продавница како пробуваат секаков вид обувки. Тоа ви ги зголемува шансите да запознаете некоја привлечна девојка која можеби ќе ја прифати вашата понуда за состанок или, ако ништо друго, ќе имате нова пријателка.

3.Личен тренер

Ако посетите некој фитнес центар ќе забележите дека е полн со допадливи девојки кои сакаат да ја одржат својата витка фигура. Вашата предност е што додека ги тренирате можете да направите некој интересен муабет или барем ќе уживате во работата.

4.Доктор

Според научните истажувања, секоја втора жена фантазира да оди на состанок со доктор, така што шансите дека ќе запознаете некој се веќе во ваша полза. Слободно облечете го белиот мантил и украдете ги женските воздишки.

5.Пожарникар

Не е тајна дека жените сакаат мажи во униформи. Пожарникарите се тие кои ги спасуваат луѓето во неволја, а тоа е нодоливо за женскиот род.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: