На многумина им се случува најмногу да го посакуваат она што го немаат, но понекогаш сите треба да се потсетиме дека постојат и оние на кои им е многу полошо од нас.
Во нашите животи постојат работи без кои не можеме, а сепак мислиме дека тие засекогаш ќе бидат тука за нас.
1.Работа
Истражувањата покажуваат дека голем процент од луѓето воопшто не се задоволни од работата која ја имаат. Во земјите со висока стапка на невработеност, тешко е да не го цените самиот факт дека сте вработени.
2.Семејство
Блиските луѓе, како што се родителите, браќата и сестрите, сопружниците, се најважни луѓе во нашите животи, а многумина нивната љубов ја разбираат како нешто што се подразбира. Секој ден покажувајте им на вашите најдраги дека ги цените и сакате, бидејќи никогаш не знаете до кога ќе бидат околу вас.
3.Пријатели
Во денешно време, станува се потешко да најдете вистински и искрен пријател, а многумина ги земаат здраво за готово луѓето со кои поминуваат најмногу време.
4.Природа
Без разлика дали живеете во град или на село, секогаш постојат прекрасни места на недопрена природа, каде можете да побегнете кога ќе сакате да се тргнете од секојдневието. Планини, мориња, езера, шуми, флора и фауна се нешта на кои често забораваме и не ги цениме, а целата планета е богата со прекрасна природа.
5.Сонце
Првите утрински зраци на сонцето некогаш ги будеја луѓето и им покажуваа дека дошол уште еден нов ден. Сончевата светлина го осветлува нашиот ден, но и живот. Иако во последниве децении штетно е да се изложуваме премногу на сонце, сепак сончевата светлост има и позитивни страни. Го поттикнува производството на витамин Д кој не штити од многу болести, на пример остеопорозата, дијабетисот и некои облици на рак.
6.Кревет
Повеќето не размислуваат колку се всушност среќни што можат да си легнат во сопствениот кревет и да се одморат од напорниот ден.
7.Вода за пиење и туширање
Исто како и креветот. Сте размислувале ли некогаш како би било да немате можност да се туширате со топла вода секој ден?
8.Продавници
Меѓу нештата кои ги земаме сдраво за готово се и продавниците. Многу од нив отворени се и за време на празниците, а работното време им е продолжено до доцните часови.
9.Слобода
Иако често чувствуваме дека сме во многу работи ограничени, слободата на изразување и слободата на одлучување што ќе правиме, кај и со кого ќе живееме, често ја сфаќаме несериозно, односно не размислуваме за тој благослов.
10.Фантазија
Човечката фантазија нема граници. Можеме да бидеме креативни, да го испланираме нашиот ден, да фантазираме за сопствената иднина.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: