Индија го обвини Пакистан за убиство на двајца нејзини војници

Индија го обвини Пакистан дека испратил свои војници преку линијата на раздвојување во вторникот во областа Кашмир, околу се спорат двете земји, додавајќи дека во получасовната престрелка двајца индиски војници се убиени а еден е ранет.

Неименуван воен офицер за телевизиската станица India's Times Now изјавил дека телото на еден од убиените војници е најдено осакатено во шумска област во подножјето на Хималаи.

Портпaролот на пакистанската армија ги отфрли обвинувањата од индиска страна,како што рекол, за „непредизвиканото пукање“ преку милитаризираната Линија на надзор (LoC) меѓу двете соседни земји кои имаат нуклеарни арсенали.

Инцидентот се случи два дена по судирот на LoC, кога, како што тогаш соопшти Пакистан, еден пакистански војник е убиен по индиското упаѓање. Индија, инаку, негираше дека нејзините војници ја минале граничната линија.

Индија и Пакистан од стекнувањето на својата независност од британскиот колонијализам во 1947 година водеа три војни, од кои две токму околу Кашмир.

Раџеш Калиа, портпаролот на северната команда на индиската армија изјави дека „упадот“ од вторникот претставува „сериозна ескалација на прекршувањето на примирјето и обид за инфилтрација со поддршка на пакистанската армија“.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: