Депардје во Црна Гора го проценувал пазарот на недвижности?!

Славниот француски актер кој последниот месец секојдневно е тема на медиумите, при престојот во Црна Гора во вторникот најверојатно разговарал за прашања со тамошниот пазар на недвижности, пишува порталот Lavenir.

Претходно во вторникот за AFP адвокатот на актерот, Ерик де Комон рече дека Жерар Депардје престојува во Црна Гора за да разговара со продуцентите на филмот за поранешниот челник на Меѓународниот монетарен фонд, неговиот сонародник Доминик Строс-Кан, кој треба да почне да се снима кон крајот на јануари во Њујорк, во режија на Абел Ферара, и во кој треба да се појави филмската дива Изабел Аџани.

Според Lavenir, Депардје имал намера да се сретне со еден од сопствениците на луксузниот  хотел „Сплендид“ во Будва. „Според изворите, близок до раководството на хотелот, Жерар Депардје треба да се сретне и да разговара со еден од сопствениците на хотелот, чиј дел е во раце на Руси, за прашања поврзани со пазарот на недвижности во Црна Гора“, пишува порталот.

Според црногорските медиуми од вторникот, актерот во Будва требало да остане „час два“ а подоцна во главниот град Подгорица да се сретне со премиерот Мило Ѓукановиќ.

Претходно кога актерот влезе во дуел со социјалистичката влада на претседателот Франсоа Оланд, поради неговото селење во Белгија и поради спротиставување на законот од 75 отсто за Французите кои имаат примања над милион евра, Депардје беше прогласен за „кукавица и даночен бегалец” од татковината и се шпекулираше дека можно е да побара црногорско државјанство. Сепак тој во меѓувреме побара и доби руски пасош, а изјави и дека има намера да земе и белгиско државјанство.

Според адвокатот на актерот, оваа посета биле причината тој да не се појави пред судот во Париз во вторникот каде е обвинет за возење скутер во пијана состојба.

Според Комон кој пред судењето изјави дека Депардје „нема да биде присутен (на рочиштето) бидејќи е во странство од професионални причини“, поради отсуството на 64-годишниот актер во Палатата на правдата во Париз во вторникот, ќе предизвика негово приведување „за неколку месеци“ пред кривичниот суд.

По полесниот пад од скутер во Париз, кај Депардје беше утврдена релативно високо присуство на алкохол во крвта од 1,8 г, додека во Франција дозволено ниво е 0,5 г. Тогаш мина неколку часа во полициска ќелија за отрезнување.

Француските медиуми напомнуваат дека не е јасно како одолжување на парницата може да влијае врз работата на Депардје, кој во почетокот на јануари доби руско државјанство. Откако тој не се појави на рочиштето, на коешто можеше да се изјасни за виновен за поедноставување на постапката, актерот ќе треба сега да се појави пред вишиот суд во Париз. Според француските закони, за управување со моторно возило во алкохолизирана состојба предвидена е казна до 4.500 евра или две години затвор.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: