Банките и натаму тргуваат со злато во Турија и покрај заработката на Иран

Банките и натаму тргуваат со злато во Турција и покрај американското противење на сѐ посилното тргување со кое Анкара од Техеран купува гас за злато, што на Иран му овозможува да се справува со меѓународните санкции.

„И натаму нормално работиме. Ги проверуваме сите санкции и идентитетот на клиентите, но не добивме никаква посебна забран во врска со трансакциите со злато“, изјавил во вторникот висок службеник на турска банка кој поради чувствителноста на темата побарал да остане неименуван, пренесува Reuters.

Турција во првите 11 месеци од 2012 година го зголемила својот извоз на злато на 6,5 милијарди долари од 54 милиони долари во претходната 2011 година, откако САД ги засилија санкциите за Иран поради неговата контроверзна нуклеарна програма.

Турција е најголемиот купувач на иранскиот природен гас, но поради санкциите не смее на Иран да му плаќа во долари или евра. Затоа плаќа во турски лири кои на Техеран малку му користат на меѓународните пазар, но се идеални за купување злато во самата Турција.

Тоа не доаѓа во конфликт со постојните западни санкции, а на Иран му помага да одржи финансиска стабилност иако е исклучен од поголемиот дел од светскиот банкарски систем.

Турскиот министер за економија Зафер Каглајан минатата седмица изјави дека продажбата на злато на Иран ќе продолжи, бидејќи целата трговија ја спроведува приватниот сектора не држава кон држава, па не потпаѓа под санкциите.

Трговијата се одвива така што куририте летаат со милиони во багажот од Истанбул до Дубаи, од каде што се префрлуваат во Иран, изјавија за Reuters добро известени кругови.

Авион на турската воздухопловна компанија ULS Cargo кој превезува тон иполовина златни прачки беше блокиран од минатиот вторникот на меѓународниот аеродром во Истанбул, а турските власти тврдае дека документацијата за товарот не е уредна.

Авионот од типот „Airbus 330″ на летото меѓи Гана и Дубаи бил пренасочен кон истанбулскиот аеродром „Ататурк” поради проблеми со горивото. Кога било забележено дека недостасуваат некои документи, авионот бил блокиран а товарот запечатен.

Полицијата околу авионот распореди силни единици за да спречи евентуален обид за полетување или кражба на товарот.

Турските медиуми претпоставуваат дека станува збор за товарот во златни прачки претставува плаќање на Гана за Иран кој е под меѓународни санкции поради неговата контроверзна нуклеарна програма и летал преку Дубаи за да не привлекува внимание.

Инцидентот не го коментираа ниту претставници на турските власти, ниту претставници на турската карго компанија.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: