Во Лондон собир за Сирија после Асад

Велика Британија во среда и четврток ќе биде домаќин на состанокот на меѓународни експерти и претставници на сириската опозиција на кој ќе се разговара за периодот кој ќе следува по „неминовното’“ заминување на сирискиот претседател Башар ал-Асад од власта.

Како што соопшти британскиот Форин офис, на состанокот ќе учествуваат експерти, сириски академици, претставници на Сириската национална коалиција (SNC), опозициски групи и други агенции.

„Целта е планирање на политичката транзиција во Сирија. Заминувањето на Асад од власта е неминовно. Од животна важност е меѓународната заедница да планира однапред за денот по (Асад) во Сирија“, напиша шефот на британската дипломатија, Вилијам Хејг на својот профил на микроблогот Twitter.

Состанокот нема да биде отворен за јавноста, а учесниците на него по завршувањето ќе издадат соопштение.

Во судирот меѓу вооружената опозиција и армијата на владата на претседателот Башар ал-Асад кој започна во март 2011 година, според последните процени на Обединетите нации загинале повеќе од 60 илјади луѓе.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: