Стотици луѓе бдееја за ирвас

Повеќе стотини жители на местото Булдер во американската сојузна држава Колорадо, учествуваа во бдението за ирвас кој бил застрелан од полицаец.

Во спомен на несреќниот ирвас кој заталкал во градот каде што го застрелал дежурен полицаец, граѓаните на Булдер во неделата подигнале импровизиран споменик и го украсиле со цвеќе и свеќи, а бдението го пропратиле со песни и приказни, пренесува телевизиската мрежа Fox News.

Полицаецот рекол дека ирвасот изгледал повреден пред тој да пука, но привремено е суспендиран од службата.

Полицијата соопшти дека друг полицаец, кој не бил на должност, го зел телото на ирвасот и го префрлил во својот дом за да го искористи месото.

Локалниот портал Boulder Daily Camera во понеделникот пишуваше дека тој полициски службеник има своја интернет страница на којашто нуди услуги за препарирање животни.

И вториот полицаец, исто така, е суспендиран од службата. Службеници за заштита на околината и природата спроведуваат истрага за овој слуачај.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: