четврток, 12 ноември 2026
Најново

DELL го лансираше новиот Inspiron лаптоп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новиот 15-инчен Inspiron laptop 3521 им овозможува на корисниците решавање на разновидни задачи. Новиот модел е лансиран како дел од традиционалната линија на Inspiron со минималистички и модерен ергономски дизајн кој е изработен од hi-tech материјали.

Овој повеќенаменски лаптоп се базира на иновативниот Intel Ivy Bridge процесор со ULT платформа наменет за тенки уреди. Тоа значи, помалку трошење на енергија со што се добива подолготрајност на батеријата, од пет до седум часа, помала височина и тежина. Новиот лаптоп е за 7 милиметри потенок, а неговата тежина е од 0,3 – 0,5 килограми помала од неговиот претходник.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Основните карактеристики на новиот модел вклучуваат: трета генерација на Intel ® процесор (Core™ i3, i5, i7) и Intel ® Pentium ® Dual-Core, до 8 GB RAM и до 1TB за подобрување на капацитетот; AMD Radeon™ HD до 2GB графичка картичка; светол и контрастен HD екран (1366×768), FHD и екран чувствителен на допир (1920×1080). Inspiron 3521 има куќиште од пластика во црна боја со ребреста текстура.

 

Макфакс

Поврзани вести