Затвор за “случајни милионери” – Банка по грешка ги збогатила, па побегнале во Кина

Жител на Нов Зеланд доби казна затвор во траење од четири години и седум месеци, откако банка случајно на сметката му ставила 10 милиони долари, по што тој побегнал во Кина

За виновна е прогласена и неговата девојка која за соучесништво добила девет месеци куќен притвор. 

 

Парот или како што ги нарекуваат “случајните милионери” се осудени во судот во новозеландскиот град Роторуа.

 

Откако во бегство минале речиси две години, парот најпосле е уапсен во 2011-та, а нивниот несекојдневен случај привлекол и внимание од меѓународната јавност. 31-годишниот Гао во јуни ја призна кражбата на вкупно 6,7 милиони новозеландски долари, а беше уапсен и екстрадиран од Хонг Конг во декември.

 

Според новозеландските медиуми, тој изјавил дека парите ги потрошил, а долгот не можел да го врати. Обвинет е за перење пари, обид за измама и кражба. 

 

Неговата девојка пак во текот на целото судење тврдела дека не е крива, зошто нејзиниот сега поранешен дечко и велел дека парите ги добил на лотарија.

 

Според медиумите, оштетената банка успеала да врати 2,9 милиони долари, но сеуште ги бараат останатите 3,79 милиони. 

 

Се почнало кога обвинетиот во 2009 година од банката побарал 100.000 долари кредит за унапредување на својот приватен бизнис.  Банката по грешка му уплатила милиони, а што направила сфатила дури по неколку дена. 

 

Парот дотогаш веќе ги префрлил пола пари на други сметки и побегнал во Хонг Конг. Наводно најголем дел од парите ги потрошиле на коцкање.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: