Интернет страницата ’handball-planet.com’, која е специјализирана за ракометниот спорт, во средата ја истакна својата прогноза околу пласманот на репрезентациите на претстојното Светско првенство, кое в петок ќе започне во Шпанија.
Според ’handball-planet.com’, ракометната репрезентација на Македонија на Мундијалот ќе го освои 14-то место.
Интернет страницата, смета дека Македонија ќе се пласира во осмина финалето, а според учинокот во оваа фаза послаби од неа ќе бидат само репрезентациите на Египет и Црна Гора.
Интересно, за една од најконстантните и најтрофејните репрезентации на големите натпреварувања, во последните 10 години, Хрватска, ’handball-planet.com’ прогнозира дека ќе го освои седмото место.
Според прогнозата, домаќинот Шпанија ќе го освои златниот медал, во финалето Шпанците би ја победиле Франција, додека Данска, во борба за бронзениот медал би била поуспешна од Полска.
Прогноза на ’handball-planet.com’:
1. Шпанија
2. Франција
3. Данска
4. Полска
5. – 8. место: Унгарија, Русија, Хрватска, Исланд
9. – 16 место: Србија, Тунис, Германија, Белорусија, Словенија, Македонија, Египет, Црна Гора.
Пронајдете не на следниве мрежи: