Стикче од еден терабајт

Времињата кога USB стиковите имаа само неколку мегабајти одамна поминаа, а ги заменија стикови со многу поголема меморија.

Компанијата `Кингстон` го претстави првиот USB 3.0 стик со меморија од 1 терабајт.
DataTraveler HyperX Predator 3.0, како што е наречен, има брзина на читање и пишување од  240 MB/s и 160 MB/s.
Сепак, во моментот на пазарот може да се најде само стик со меморија од 5012 GB, додека верзијата од 1TB се очекува кон крајот на првиот квартал од оваа година.
Цената на верзијата со 512 GB изнесува 1.750 долари, па се претпоставува дека верзијата од 1TB  ќе биде прескапа за речиси сите корисници.

Пронајдете не на следниве мрежи: