Жените на Казанова

Гиакомо Гироламо Казанова е италијански авантурист и писател од Венеција. Познат е по неговите чести комплицирани афери со жени, поради што неговото име сега е синоним за „женкар“.

Иако комплексен, карактерот на Казанова, како што најчесто е опишуван доминира од неговите сензуални нагони: „Негувањето на се што дава задоволство на моите сетила секогаш беше главна работа во мојот живот, никогаш не најдов нешто друго што ќе ми биде поважно. Секогаш сум го сакал чувството што сум роден за спротивниот пол“, изјавува тој. 

И покрај големиот број афери што ги имал, издвоивме неколку интересни и контроверзни врски на љубовникот казанова. 

1. Аферата со Дона Лукреција – беше една од неговите најстрасни афери, која почна многу невино додека патуваше кон Рим. Нејзиниот сопруг премногу верувал во младиот Казанова и ни за миг не се сомневал во неговите очигледни екскурзии кои Казанова се почесто и почесто почнал да ги прави со неговото семејство. Наивниот сопруг бил и толку несвесен за тоа како Дона возвраќа на Казанова и тотално го игнорирал сето време што тие двајца го поминувале заедно. Според раскажувањата на Казанова, тој навечер се прикрадувал во нејзиниот кревет и во креветот на нејзината невина сестра Анџелика и по неколку пати водење љубов со Дона Лукреција, Казанова своето внимание го свртел према нејзината 17 годишна сестра неколку недели пред нејзината венчавка. Дали е ова вистина или не, не можеме со сигурност да кажеме, особено ако го земеме предвид презирот што Анџелика го чувствувала наспрема Кзанова.

2. Аферата со Белино – е една од најзанимливите, бидејќи се верувало дека станува збор за маж. Белино бил кастриран пред пубертет, за да го одржува својот висок глас за пеење. Иако Казанова не бил наклонет кон хомосексуалноста, од самиот почеток бил убеден дека Белино е жена и правел се за да го открие тоа. Тој дознал дека Белино е всушност Тереза Ланти, прекрасна млада жена која позира како „Кастрато“. За да ја прикрие вистината за својот пол, Белино носел лажен пенис и се облекувал како маж. Незнаејќи за ова до одреден момент, Казанова и лажниот Белино добиле дете, кое што Тереза го претставувала како свој брат, меѓутоа со неверојатната сличност, немало забуни дека е тоа син на Казанова.

3. Хенриет – беше псевдоним за најголемата љубов на Казанова и жена која го скршила неговото срце. Таа го искористувала Казанова исто како и многу други за да дојде до Парма и да живее луксузно. Но, таа била се што тој посакувал во една жена. Убава, интелигентна, аристократка, но таа не сакала да се обврзува. На крајот, таа го напуштила и се вратила кај својата фамилија во Франција. Иако децении подоцна комуницирал со Хнериет, која останала вдовица и иако не ја видел пак, продолжил да ја сака жената што не можел да ја има.

 

4. Леонилда – била дете добиено од големата љубов помеѓу Казанова и Дона Лукреција. Шеснаесет години подоцна Леонилда се појавила дома со својот нов вереник – нејзиниот биолошки татко Гиакамо Казанова. Веридбата била прекината, но Казанова се уште имал нагони према неговата ќерка и успеал да ја одведе во кревет заедно со мајката Дона. Но, Казанова тврди дека немал односи таа вечер со неговата ќерка. Доколку неговите меморари се вистинити, тој ја сретнал Леонилда многу години подоцна, венчана со импотентен маж, потоа ја забременил и го чувал детето како свој внук.

Покрај сите овие случаи, во животот на Казанова поминале уште илјадници жени. Поради тоа тој е на листата на мажи кои спиеле со најмногу жени во текот на својот живот. Денес, името на казанова е синоним на “женкар“ и е доста употребуван ширум светот. 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: