Бразилските проститутки почнуваат со „подготовки“ за претстојното СП

Бразилските проститутки во градот Бело Хоризонте почнаа да посетуваат бесплатни курсеви по англиски јазик, за да се подготват за доаѓањето на навивачите на овогодинешниот Куп на конфедерации и Светското фудбалско Првенство во 2014 година.

Претседателката на здружението на проститутки во Бело Хоризонте изјави дека веќе 20-тина девојки почнале да посетуваат часови по англиски јазик, како и дека уште 3 до 4000 членови на здружението ќе почнат да го посетуваат курсот по англиски јазик.

Таа додаде дека здружението продолжува да ги организира проститутките, како и дека е распишан конкурс за волонтери-професори за англиски јазик.

Бело хоризонте ќе биде домаќин на шест натпревари од Светското првенство, а претседателката на здружението истакна дека за девојките е премногу важно да го совладаат англискиот јазик и исто така да научат „што ги возбудува нивните клиенти“.

Проституцијата во Бразил е легална а Мундијалот ќе се одржи од 12 јуни до 13 јули наредната година.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: