Rheinmettal AG го претстави ласерот за соборување беспилотни летала

Германската компанија Rheinmettal AG, којашто произведува оружје и автомобилски делови, го претстави системот ласерско оружје кое може да собори две беспилотни летала на оддалеченост од над 1,5 километри.

Германската компанија користи високоенергетски ласери за гаѓање на брзите беспилотни летала и други цели на поголема оддалеченост.
Системот кој користи две ласерски оружја, исто така, е употребен и за сечење на челични греди на оддалеченост од еден километар.
Компанијата планира да произведе ласерски мобилен оружен систем и да интегрира во него автоматски топ.
Ласерскиот воен систем со моќност од 50 KW користи радар и оптички системи за откривање и следење две даоѓачки беспилотни летала, објави компанијата Rheinmetall AG. Ба демонстрацијата на ласерското оружје, беспилотните летала која понирале со брзина од 50 метри во секунда, биле оборени кога влегле во програмираниот сектор на огнот.
Овој оружен систем користи радар за грубо целење на беспилотните летала (UAV), додека за прецизно следење на целите го вклучува оптичкиот систем.
Високоенергетскиот ласерски систем бил искористен за сечење челична греда со дебелина од 15 милиметри и уривање челична кугла дизајнирана да имитира лет на минофрлачка граната. Компанијата го тестирала ласерскиот систем во разни временски услови, вклучувајќи и снег, сонце и дожд.
Rheinmettal AG планира да го тестира своето ласерско оружје, монтирано на различни типови возила и да интегрира во него автоматски топ од 35 милиметри.
Како што забележува BBC, многу влади и компании од наменската воена индустрија развиваат оружје кои користат или вклучуваат ласери. На пример, американската компанија Raytheon го претстави противавионскиот ласер со моќност од 50 KW на саемот Фамборои во 2010 година, а во јуни 2012 година американската војска објави детали за оружјето коешто врз целите може да истрела ласерски наведувана молња.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: