Друштвена мрежа за мачки

Доколку Facebook и Twitter не ви се доволни да покажете колку е мила ваша мачка, тогаш треба да ја посетите Catmoji, првата друштвена мрежа наменета исклучиво за мачки и оние кои ги сакаат.

Луѓето кои едноставно, не можат без овие домашни миленичиња, сега имаат простор за објавување фотографии од своите мачки, а да не привлекуваат негативни коментари од сите други.
На оваа друштвена  мрежа нема да најдете вести, политика или љубовни изјави од своите пријатели.
Catmoji се фокусира само на мачките.
Целата мрежа е осмислена и развиена во малезија. Мрежата е од затворен тип, а за да се вклучите морате да пратите барање на некој од администраторите.
Една од понудите на мрежата е праќање фотографии од мачки на вашиот профил, во зависност од вашето расположение.

Пронајдете не на следниве мрежи: