По повод 150-годишнината од постоењето на лондонското метро, Франс прес објави неколку интересни бројки поврзани со него.
– Метрото има 270 постојки.
– Најкуси рута е 300 метри помеѓу плоштад Лестер и Ковент Гарден.
– Билет чини 5,5 евра. Тоа е повисока цена по километар отколку на Ориент Експрес.
– Најдолгиот пат без промена на линијата е 54,9 километри меѓу Вест Рислип и Епинг во Централната линија.
– Мрежата на метро покрива 402 километри и превезува околу 1,1 милијарди патници годишно.
– Станицата Ејнџл го држи рекордот за најдлабок ескалатор во Западна Европа – тој слегува 60 метри под земја.
– Лондонското метро минува растојание еднакво на 90 одења и враќања од Земјата до Месечината секоја година.
– Околу 175 000 лондончани спиеа во метрото секоја ноќ на почетокот на Втората светска војна, за да се заштитат од бомбардирањето.
– Планот на лондонското метро, дело на Хари Бек, кој се претвора во еден од симболите на Лондон, е отпечатен за прв пат во 1933 година
– Метрото се искористи за превоз на ковчегот со посмртните останки на премиерот Вилијам Гледстон во 1898 година.
– Во 1969 година кралицата Елизабета II, облечена во палто од бизон, се качува на метрото, за прв пат од почетокот на нејзиното владеење, по повод отворањето на линијата Викторија.
– Се смета дека лондонското метро е дом на околу половина милион глувци.