четврток, 12 ноември 2026
Најново

Карла Бруни Саркози издава нов албум

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Карла Бруни Саркози пролетва ќе издаде нов албум под наслов „Little French Songs“ (Мали француски песни), според еден од насловите на песните во кои им одава чест на сите големи француски текстописци и композитори.

Оваа информација на радиото RTL во вторникот ја објави Бертран де Лабеи, уметничкиот менаџер на поранешната прва дама на Франција.
Албумот „практично е довршен“, додаде Ланеи. Додека престојуваше во претседателската Елисејска палата, сопругата на поранешниот претседател Николас Саркози „патеше бидејќи не можеше да се занимава со својата работа, но таа избра. Го сретна човекот кој го сака, среќна е со него“, додаде менаџерот.
„Таа не е политичарка, па нема дебела кожа и многу ја погодија сите напади на кои беше изложен нејзиниот сопруг. Лошо го проживеа тоа. Беше несреќана до одреден момент“, изјави де Лабеи.
„Се надевам дека новинарите ќе умеат да заборават дека беше во Елисејската палата и ќе се насочат само на уметничките квалитети на албумот“, додаде менаџерот на Бруни-Саркози.
„ Little French Songs“ ќе биде четвртиот албум на Карла Бруни Саркози, поранешната пејачка и манекенка која самата ги пишува текстовите за песните а честопати и компонира музика за нив.
Инаку некогашната прва дама на Франција, Карла Бруни – Саркози, дебитираше како актерка во филмот „Полноќ во Париз“ на славниот режисер Вуди Ален. Првата сцена во која се појавува Карла Бруни – Саркози заедно со американскиот актер Овен Вилсон, беше снимена во мала продавница во париската Петта авенија.

Поврзани вести