Најпознатите терористи во светот

Тероризмот  претставува незаконско користење насилство од страна на поединци или групи кои имаат директна врска со странските сили или пак, чии активности ги преминуваат националните граници. 

Во денешно време, најголем број на меѓународни терористички организации се спонзорирани од една или повеќе држави. Создавањето на се поголем број терористички организации и сериозноста на тероризмот како нуклеарна, биолошка и хемиска закана претставува Ахилова пета на нашата цивилзација – смрттна опасност за иднината на човештвото.

Еве некои од најпознатите терористи во светот:

1. Осама Бин Ладен – е најпознат како водач на Ал Каеда, милитантно исламистичко движење вклучено во напади на цивили и воени објекти насекаде низ светот. На 11 септември 2001 година, Светскиот трговски ценатр и Пентагон беа нападнати од Ал Каеда, овој терористички напад се смета за најдеструктивен во историјата, каде што загинаа најмалку 2.752 лица. На 1 Мај  2011, бил убиен по наредба на САД, од американската војска на тајна задача во Аботабад.

2. Илир Рамирез Санчез или Крлос  Шакалот – поранешен терорист, милитант, платеник, и плејбој кој во моментов се наоѓа на издржување на доживотна казна во Франција.На 21 декември 1975 година во Виена ја нападнал конференцијата на ОПЕК.  Долги години бил најбараниот меѓународен бегалец.

3. Шамил Салманович Басаев – бил потпретседател на меѓународно непризнатата Чеченска Република Ичкерија, исламистички герилски командант, терорист и еден од најпознати Чеченци. Басаев  бил прв на листата на најбарани терористи во Русија, извршил многу напади и убиства меѓудругото тој е одговорен и за атентатот врз поранешниот чеченски потпреседател Ахмад Кадрив. На 10 јули 2006 бил убиен од руските специјални сили.

4. Садам Хусеин – изршувал терористички напади против неговиот народ како претседател на Ирак од 1979 до 2003 година. Бројката на убиените луѓе достигнала дури и до милион, а повеќето биле убиени со отровен гас. Тој измачувал, осакатил и затворал илјадници други. На 21 август 2005 година почнало судењето на Хусеин за геноцид и злосторство против човештвото, каде што бил осуден за својот терор.

5. Андрес  Беринг Брејвик –  Норвежанецот чиј напад бил извршен на 22 јули 2011 година и се состоел од два последователни напади. Во првиот напад, експлозијата од бомба одекнала пред канцеларијата на премиерот  Јенс Столенберг. Вториот напад се случил во младинкиот камп кој бил организиран од страна на Лубристичката партија на Норвешка, во близина на Осло, каде што загинале најмалку 85 луѓе. Ова е најкрвавиот терористички напад во Западна Европа. Тој е осуден на 21 година затвор.

 

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: