Армстронг кај Опра ќе признае дека се допингувал?

Американскиот велосипедист, Ленс Армстронг, на 17 јануари ќе има интервју со Опра Винфри, во кое најверојатно ќе признае дека во текот на кариерата се допингувал.

Армстронг, кој во октомври од страна на Американската антидопинг агенција доби доживотна суспензија поради систематско користење на недозволени средства, од почетокот негираше дека користел допинг.
Интервјуто на Опра Винфри, со сега веќе поранешниот победник на ’Тур Д’Франс’, ќе трае 90 минути и ќе биде пренесуван на телевизијата ’OWN’.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: