Топ 5 куќи на познатите

Ким Кардашиан, Џенифер Анистон, Риси Витерспун, Паула Дин, Сара Џесика Партер, се моментално на врвот на листата на најдобри куќи на познатите.Најновата куќа на Ким Кардашиан во Беверли Хилс е проценета на 5 милиони долари. Своја уникатност добива со црниот под и големиот број на камини низ целата куќа.

За куќата на Џенифер Анистон во Бел Ер, Калифорнија, кружат најразлични коментари за тоа дали вредноста од 21 милион долари е оправдана со изгледот. Според сликите проценете сами.

Рис Витерспун со својот ранч во Оџаи Калифорнија, е дефинитивно една од познатите личности кои се одлучиле на малку поуникатен стил на живот, за жал ранчот е даден на продажба, а цената е 10 милиони долари.

Нема кој не би посакал да јаде во кујната на познатата готвачка Паула Дин, со тоа би се согласила и американската продуцентка Опра Винфри, која беше воодушевена од посетата на куќата на Паула Дин во Савана Џорџија. 

Ѕвездата од серијата „сексот и градот“ Сара Џесика Партер позната по своите скапи „манолобланк“ чевли, заедно со својот сопруг Метју Бродерик, поседуваат ексклузивен дом сместен на Менхетен, Гринвич Вилеч, проценет на 18.9 милиони долари.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: