Нејасна е причината за оваа контроверзна објава на социјалните мрежи и дали тајмингот на истата е случаен, во време на кампањата за локалните избори.До 1912 година 90 проценти од населението во Охрид било албанско, додека денес Албанците се 5%, а можеби и помалку од вкупното население на градот. Политичарите од албанско потекло никогаш не се интересирале ниту работеле за Охрид и токму тие им помогнаа на „началниците“ да го истребат албанското население од градот.
Овој шокантен текст, кој е објавен пред два дена, може да се прочита на спонзорирана објава од извесна невладина организација под името DORA e DREJTËSISË, формирана во 2012 година во Охрид.
Во објавата уште стои дека по 1913 година започнало „систематското истребување“ на Албанците и бришење на сѐ што е албанско во градот Охрид.
Ако се проверат историските податоци и релевантни пописи ќе се утврди дека во 1900 година, според пописот наведен во книгата „Македонија: Етнографија и статистика“ на Васил К’нчов, во градот Охрид и неговата околина живееле 800 Албанци: 500 од исламска и 300 од христијанска вероисповед, додека вкупниот број на население изнесува 14.860.
Нејасна е причината за оваа контроверзна објава на социјалните мрежи и дали тајмингот на истата е случаен, во време на кампањата за локалните избори.
Извор: Охрид24До 1912 година 90 проценти од населението во Охрид било албанско, додека денес Албанците се 5%, а можеби и помалку од вкупното население на г