Огромен пожар вчера ја зафати шумата во близина на скопско Кондово. Дел од граѓаните исплашени ги напуштаа своите домови бидејќи постоеше сериозна опасност пожарот да стигне до куќите. Неговото разгорување беше потпомогнато од ветерот. Огнената стихија ниту по вчерашниот дожд не е стивната. Граѓаните велат дека барале помош четири дена, но никој не реагирал на нивните молби.Денешните информации говорат дека пожарот е се уште активен, а околу селото, направен е заштитен појас за да се спречи негово ширење.
Во гасењето на пожарот синоќа учествувале четири цистерни, 25 пожарникари, девет возила на Територијалната противпожарна единица и лица од месното население.
Во селото Кондово нема зафатено куќи од пожарот, но месното население вели дека има помал број на повредени лица. Според информациите од жителите, пожарот зафатил огромна површина од шумата и се проширил за еден час.
-Се плашат луѓето мора да бегаат. Господ ќе го изгасне ние тешко, шума во Кондово веќе нема, вели жител.
-Четири дена наназад ги молиме, од општина, од месна заедница никој не реагира освен селани 5-10 души и еве што добивме. Шумата е 100 посто зафатена, вели друг жител.
Нема никаква помош од канадерите, ниту пак некаква поорганизирана помош. Додека ова се случува, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е на одмор во Шпанија.Денешните информации говорат дека пожарот е се уште активен, а околу селото, направен е заштитен појас за да се спречи негово ширење.
Во га