Дванаесет британски војници се повредени во верижен судир во Естонија, во близина на границата со Русија, јавија локалните медиуми, а пренесува Скај њуз.
Осум војници – кои се дел од мисијата на НАТО за одвраќање на руската агресија – се верува дека се префрлени со хеликоптер во Велика Британија во неделата, по несреќата во снежни услови во петокот.
Пет војници се отпуштени, додека тројца остануваат хоспитализирани во военото крило на болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем.
Несреќата се случила во петокот околу 17 часот, кога војниците се движеле со три минибуса на пат кон нивната база во Тапа.
Во верижниот судир учествувале шест возила
Верижната реакција се случила откако се судриле два патнички автомобили, управувани од естонски цивили, при што се судриле четири други возила – три воени минибуси „Тојота“ и трет патнички автомобил.
Естонскиот информативен портал Postimees објави дека 12 британски војници се повредени, како и пет цивили и дека сите се итно пренесени во болница.
Портпаролот на Министерството за одбрана Џон Хили ја потврди веста за сообраќајната несреќа.
„Неколку британски војници кои беа распоредени во рамките на операцијата КАБРИТ во Естонија беа повредени во сообраќајна несреќа минатиот петок, на 22 ноември. По лекувањето во Естонија, осум војници со авиони РАФ Ц-17 биле пренесени во Велика Британија на понатамошно лекување. Оттогаш тие се отпуштени, а тројца се лекуваат во медицинскиот центар за кралска одбрана, болницата „Кралица Елизабета“ во Бирмингем. Им посакуваме брзо закрепнување“, рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.