Секој сонува за финансиска независност и дебело банковно салдо, но не секој успева во тоа.
Кои се грешките што ги правите во секојдневието?
Причини заради кои можеби паричникот постојано ви е празен или барем немате колку што посакувате и ви е потребно:
1. Бесполезно губите време на социјалните мрежи завидувајќи им на стилот на живот на успешните луѓе, наместо да се фатите за работа и да заработите нешто плус.
2. На денот кога ви легнува платата се честите со разни работи, па од ручек во ресторан во нормални услови до шопинг на работи кои не ви се неопходни, трошите многу пари наеднаш, наместо да направите план.
3. Постојано сте ангажирани во домаќинството и не одвојувате време да се дообразувате.
4. Ја потценувате цената на одредено парче и со тоа си го оштетувате буџетот.
5. Купувате сами наместо со пријателка, која ќе ви каже отворено што мисли и со тоа ја минимизира шансата да купите нешто погрешно.
6. Трошите многу вода така што чешмата постојано ви тече додека миете чинии или миете заби.
7. Не си ги обновувате договорите за телефон, интернет, телевизија со нови и поповолни пакети.
8. Се залетувате да купите нешто на попуст, а потоа сфаќате дека е неквалитетно и залудно сте ги дале парите.
9. Плаќате големи сметки за струја бидејќи не внимавате со потрошувачката на електрична енергија, светлата и сите уреди ви се вклучени постојано – дури и адаптерите оставени во струја трошат.
10. Не правите неделно мени за храна според кое ќе испазарите намирници и купувате непромислено.
11. Земате кошница во продавница дури и кога сте тргнале да купите само 2 намирници, па завршувате со полна кошница продукти кои не ви требале.
12. Одите на пазарење со децата и не можете да им кажете „не“ кога ќе побараат нешто од вас.