Русија денеска изврши голем напад со дрон и ракетен напад врз Киев.
Украинците велат дека Русија истрелала 215 дронови и проектили во нападот.
Според последните информации, загинале 12 лица, а повеќе од 90 се повредени. Меѓу ранетите има и неколку жени и деца.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека спасувачките служби пронашле уште две тела во урнатините, со што бројот на жртвите од синоќешните руски напади врз Киев се искачи на 12.
Тоа беше еден од најсмртоносните напади на главниот град на Украина оваа година, а потрагата по исчезнатите се уште трае.
Реагираше и американскиот претседател Доналд Трамп кој директно му се обрати на рускиот претседател Путин: „Непотребен, многу лош тајминг. Владимир, СТОП!“.