Доколку чувствувате дека во вашиот брак или врска нешто не е во ред, најверојатно сте во право.
Стручњаците за врски тврдат дека постојат секојдневни ситуации од кои можете да заклучите дали вашиот партнер има љубовница.
- Вообичаени знаци се кармин на неговата облека, гребаници по телото кои асоцираат на сексуален однос, како и мирис на друга жена.
- Одеднаш останува подолго на работа, често оди на службен пат кој трае неколку дена или троши повеќе пари на излегувања, ресторани, хотели…
- Иако е покрај вас, често е отсутен со мислите.
- Посветува повеќе внимание на сопствениот изглед, посебно бира како да се облече, се бричи почесто, води сметка за личната хигиена повеќе од претходно.
- Возбудено ви раскажува за новата колешка од работа.
- Престанал да забележува како сте облечени, досадно му е со вас.
- Пријателите, колегите или членовите на семејството се обидуваат да ви дадат до знаење дека има љубовница.
- Интуицијата ви вели дека има љубовница.
- Ве обвинува за љубомора, вели дека не сте нормална жена… Кај прељубниците, нападот на партнерот често е знак за криење на тоа што го прават.
- Ги крие пораките, повиците…
- Одеднаш, станал многу љубезен кон вас.
- Постојано ви наоѓа маани или без причина ве обвинува дека имате афера. Често е нервозен бидејќи не му е лесно постојано да ве лаже.