12 совети што ќе ви помогнат да се справите со лутината

Лутината е природна емоција и кога ќе ја почувствувате, нема потреба да си замерувате. Во односите со другите, често постои подобар начин да се изразите од бесот и лутината. Важно е да знаете дека оваа емоција ве прави беспомошни, па следениот пат кога ќе ја почувствувате, пробајте некој од следниве совети.
12 совети што ќе ви помогнат да се справите со лутината
1. Запрашајте се дали лутината е разумна
Можеби ова е навистина тешко да се направи кога сте лути, но доколку успеете да застанете, да вдишете длабоко и да се запрашате зошто чувствувате лутина, колку-толку ќе се смирите. Пред да се обидете да се ослободите од лутината, обидете се да размислите дали тоа е разумно. Запрашајте се дали и другите би чувствувале лутина во таква ситуација.


2. Разгледајте ги и другите чувства коишто лутината можеби ги „маскира“
Можеби чувствувате лутина наместо нешто поради кое би се чувствувале полошо, како страв, повреда или срам. Кога ќе сфатите зошто се чувствувате на одреден начин, најверојатно ќе се намали и лутината. Фокусирајте се на вашите емоции и дишете длабоко. На овој начин ќе сфатите што всушност се крие зад вашата лутина.
3. Напуштете ја просторијата
Кога ќе се најдете во непријатна ситуација, најдобро е да ја напуштите просторијата. Излезете надвор, прошетајте и оттргнете се од причината за вашата лутина. Пешачењето дополнително ќе ви помогне бидејќи го поттикнува лачењето на ендорфин, кој пак го подобрува расположението. Се разбира, доколку сте сред расправија, немојте само студено да си заминете, туку кажете дека ви е потребно време насамо.


4. Разговарајте со вашето внатрешно дете
Чувството на лутина кон некого може да покажува и дека не знаете да се грижите добро за себе. Па, разговорот со вашето внатрешно дете ќе ви помогне да сфатите која е причината за лутината, но и ќе ве натера подобро да се однесувате кон себе. Замислете си дека делот од вас кој чувствува лутина е всушност дете кон кое имате изливи на бес. Разговарајте со ова дете и нека ви помогне да сфатите што навистина се случува.
5. Научете да ги препознавате знаците на лутината
Веројатно не знаете кои се физичките знаци со кои телото ве предупредува за стресот и лутината. Поради ова, повеќето луѓе не знаат дека чувствуваат лутина сè додека не изреагираат бурно на некој ситуација. Кога ќе изреагирате бурно, најдобро е да не правите ништо. Запрашајте се дали во таа ситуација ги гледате нештата рационално. Доколку сфатите дека со вас управува лутината, напуштете ја просторијата и смирете се.
6. Ослободете се од физичката напнатост
Многу луѓе ја чувствуваат физичката манифестација на лутината, а ова им помага да се воздржат и да не кажат нешто за коешто подоцна ќе се каат. За да се ослободите од физичката напнатост, стегнувајте го телото дел по дел и останете неколку секунди во таа состојба, пред да ги релаксирате мускулите. Обрнете посебно внимание на рамената, рацете, дланките и стапалата. Ова ќе ви помогне да се релаксирате, а лутината ќе се намали.
7. Пошегувајте се
Дали ви се случило додека се расправате со некого, вие или соговорникот да кажете нешто смешно или глупаво, па и двајцата да почнете да се смеете? Се разбира, ова нема да се случи доколку расправата е за нешто важно, но за време на баналните расправи, обидете се да ја намалите тензијата со некоја шега. Кога ќе почувствувате лутина, пуштете некое смешно видео и ќе забележите дека вашето расположение веднаш ќе се промени.
8. Запрашајте се што навистина ви се случува
Чувството на лутина е реално, но не смеете да му дозволите да ве понесе. Па кога ќе почувствувате лутина, запрашајте се зошто не сте личноста којашто сте. Можеби сте само гладни или уморни, па нема потреба од конфликт со некој друг.
9. Запрашајте се дали оној кој ви дава совет навистина ви мисли лошо
Многу често, советите од пријателите и партнерот можеме да ги сфатиме погрешно. Па пред да реагирате бурно, запрашајте се дали личноста што ве советува има добра намера. Не сите сакаат да ви наштетат.
10. Напишете си писмо
Терапевтите и психолозите тврдат дека пишувањето писмо на личноста со којашто сте се расправале е навистина добра терапија. Не мора воопшто да го испратите писмото, но тоа ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Овие писма најдобро е да ги пишувате рачно, на хартија.
11. Слушајте музика
Добар начин да се тргнете од негативните емоции е да слушате музика, особено песни кои ги поврзувате со убави сеќавања. Музиката предизвикува разни емоции и во еден момент можете да плачете, а во следниот да танцувате на најновиот хит на Бијонсе. Песните со 60 до 80 удари во минута го смируваат телото, па направете си ваква плејлиста за кризните моменти.
12. Грижете се за себе
Доколку премногу работите, не се храните здраво, не вежбате и не минувате време со саканите, тешко дека ќе се чувствувате добро. Грижата за себе и уредните животни навики се клучни за справување со лутината. Посветете си време на себе кое ќе го искористите квалитетно, а истовремено променете ги и нештата што ви причинуваат незадоволство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.