12 факти за животот во најразвиената земја во Европа – Шведска: Работен ден завршува во 17 ч., 33 дена годишен одмор…

Шведска е земја на многу омилени работи на луѓето, но таа има и бесплатно образование, одличен здравствен систем, чист воздух и недопрена природа.
Поради сето тоа многумина одлучуваат да живеат токму таму. Ова се некои од најневеројатните факти за таа земја.
Стандардниот работен ден завршува во 17 часот, а потоа канцелариите целосно се празнат. Родителите на малите деца од работа си одат порано, за да можат да ги земат своите деца од училиште или пак градинка, а за тоа немаат никаква потреба да го известуваат својот шеф.
Ова се најневеројатните факти за Шведска:
1. Шведска е првата земја во Европската унија по број на патенти и многу вложува во дигиталната технологија.
2. Швеѓаните се многу ориентирани на зачувување на околината и само 1 отсто од ѓубрето се фрла, а дури 52 отсто се користи за произведување на енергија, а 4 отсто се рециклира. Има многу компании кои што се занимаваат со произведување на енергија од отпад, а за таа намена увезуваат отпад и од останатите земји.

3. Хиерархијата таму не се нагласува, политиката на компаниите е дека сите вработени меѓусебно да се прозиваат според имињата, а не функцијата.
4. Таму приватноста многу се почитува – немојте да се обидете да започнете разговор со странец, додека на пример чекате автобус.
5. Прашањата поврзани за приватниот живот, претходната работа и семејство се сметаат за исклучително непристојни.
6. Да се пронајде стан во Шведска е многу тешко, а најтешко е тоа да го направите во Стокхолм. Луѓето со години се наоѓаат на листата на чекање, а цените за недвижнини се „астрономски“.
7. Швеѓаните не се љубители на кеш, а со кредитни картички плаќаат и мали суми пари. Во некои места таму дури и не примаат кеш.
8. Чевлите со кои што одите по улица таму се оставаат на прагот пред да влезете во домот, а доколку не го направите тоа, тогаш постапката се смета за непристојна.
9. Стандардниот работен ден завршува во 17 часот, а потоа канцелариите целосно се празнат. Родителите на малите деца заминуваат порано од работа за да можат да ги земат своите деца од градинка или училиште, а за тоа не мора да го известуваат својот шеф.


10. Една од најважните традиции во текот на работното време е „фика“ – пауза за кафе со колегите. Таму е непристојно да пиете кафе сам, како и да одговарате на работните мејлови додека сте на кафе пауза.
11. И двајцата родители на новороденчето имаат вкупно 480 дена отсуство од работа. Секој од родителите треба да помине по три месеци со своето дете, а останатиот дел од боледувањето можат да го распоредат меѓусебно, како што сакаат.
12. Просечно во Шведска, секој човек има по 33 дена годишен одмор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.