12-годишното момче Бејли О'Нил починало откако било нападнато и претепано во неговото училиште.
Знамињата на Училиштето Дарби Тауншип во Гленолден, Пенсилванија, биле на половина копје во четвртокот во спомен на Бејли О'Нил, кој починал во неделата, изјавиле Ен-Би-Си Филаделфија. Момчето било во „медицински индуцирана кома-откако доживеало неколку напади”.
О'Нил, кој наполнил 12 ден пред да почине, доживеал потрес на мозокот и скршен нос од инцидентот.
Во неделата, била објавена порака на Фејсбук страната „Надеж За Бејли“:
„Би сакал да се заблагодарам на сите кои се молеа и го поддржаа Бејли и неговото семејство! Бејли е најсилното момче кое го познавам. Тој долго и тешко се бореше со оваа битка. Едноставно не постоеше начин да се поправи ова. Би сакал да кажам дека ќе се подобри, но не можам. Бејли денес отиде кај Господ“.
Во посебен пост подолу се замолуваат луѓето да донираат за родителите на О'Нил , додека имаат потреба од тоа.
Делко Тајмс известува дека е не е „јасно” што точно се случило пред и по борбата, додека семејството е убедено дека О'Нил бил малтретиран. Училишните власти и полицијата го запреа користењето на овој термин.
Асошиетед Прес објави дека обвинителот Џек Велан го истражува инцидентот за да утврди дали наводните напаѓачи на О'Нил ќе бидат обинети. Полицијата соопштила дека повредите се случиле за време на „еден-на-еден“ расправија, кој била снимена на лента.12-годишното момче Бејли О'Нил починало откако било нападнато и претепано во неговото училиште.