Најмалку 12 лица се повредени попладнево при бомбашки напад врз возило на турската полиција во градот Мерсин во јужниот дел на Турција.Градоначалникот на Мерсин, Бурханетин Коџамаз изјави дека нападот се случил врз автобус на полицијата на една од главните улици во градот, во близина на седиштето на гувернерот на округот.
Според локалниот јавен обвинител Мустафа Ерџан, сите 12-мина ранети при нападот се полициски службеници.
Некои турски медиуми јавија дека бомбата била поставена во контејнер за смет и била активирана со далечински управувач во момент кога крај неа минувал полицискиот автобус.
Реонот е блокиран од полициски сили, а на местото на нападот пристигнале амбулантни и противпожарни возила.Градоначалникот на Мерсин, Бурханетин Коџамаз изјави дека нападот се случил врз автобус на полицијата на една од главните улици во градот, во