12-ти Аматерски Хуманитарен Велеслалом-Маврово 2014

12-ти Аматерски Хуманитарен Велеслалом-Маврово 2014!Од 21-ви до 23-ти Февруари, ќе се оддржи традиционалниот Дванаесетти Аматерски Хуманитарен Велеслалом, Маврово, 2014,  настан кој компаниите во Македонија со нетрпение го очекуваат заради богатата содржина преку целиот викент и воедно хуманиот карактер.Оваа година гостува најдобриот акустичен женски бенд на Балканот ФРАЈЛЕ а најавени се и целодневни и тематски вечерни забави, одржување на изборот Дервенџија на Маврово и  снежна трка од неформален, забавен карактер.Целта на донацијата од оваа хуманитарна активност ќе биде наменета за поддршка на пет годишниот Максим Димовски кој боледува од ретко генетско заболување (SchimeImuno Displasia Sindrom), болест која сеуште се истражува. Од ова ретко заболување, во моментов има само 6 живи заболени деца во светот. Едно од решенијата за продолжување на животот на Максим е пресадување на коскена срцевина, а потоа пресадување на бубрег. Операциите треба да бидат изведени на Универзитетската Клиника во Хајделберг и чинат околу 200 илјади евра.Секоја компанија или заинтересирана дружина може да пријави екипа. За пријавување на екипа треба да  донираат 200 ЕУР на сметката за донации за што ќе добие 3 ски карти за целиот викенд, треба да си понесе свое знаме со лого и добро расположение.Екипите е потребно да пријават по три аматерски скијачи, членови во  машка или женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во соодветните категории. Право на учество имаат и оние кои активно (професионално) не се натпреварувале од 2004/2005 година.Оваа година регистрацијата на екипите ќе се врши електронски на следниот линк https://skimavrovo.com/Register
На следниот ЛИНК може да ја погледнете агендата за  Дванаесетти Аматерски Хуманитарен Велеслалом, Маврово.Од 21-ви до 23-ти Февруари, ќе се оддржи традиционалниот Дванаесетти Аматерски Хуманитарен Велеслалом, Маврово, 2014,

Пронајдете не на следниве мрежи: