12 знаци дека имате ужасен партнер

Што е тоа што прави една врска да биде дефинирана како добра? Најпрво, важен е односот помеѓу партнерите, почитта што ја имаат еден за друг, како и љубовта што секојдневно се негува.
Тие комуницираат отворено, не се плашат да ги симнат маските и се чувствуваат безбедно во меѓусебната прегратка. Не се пронајдовте во овој опис? Можеби сте во погрешна врска… Ако се пронајдете барем во еден од следниве знаци, треба добро да размислите дали тој е идеалниот избор за вас.
1. Ви прави да се чувствувате виновно затоа што сте среќни. Вие не можете да му го раскажете забавниот викенд, ниту пак колку добро ви оди на работа. Кога сте околу него одите како „на јајца“ бидејќи тој станува љубоморен дури и за најмалите ситници.
2. Се однесува како да му должите секс. Ви купува вечера? Ги мие садовите? Ве собира со автомобил од работа? Сите овие нешта може да ги употреби против вас и ќе направи да се чувствувате како лоша девојка ако не сте расположени за секс.
3. Ве разочарува. Секој ден! Кога и да се возбудите за нешто интересно, како на пример, љубовен состанок, тој ќе ви откаже или вечерата ќе ви заврши со караница што ќе го уништи претходно добро поминатото време. Некако сè завршува наопаку.
4. Никогаш и во ништо не ве поддржува. Дури ни за најмалите нешта. Тој не сака да сподели нешто важно за вас на социјалните мрежи, ниту пак да ви каже дека изгледате прекрасно кога ќе излезете од салон за убавина. Од него немате никакво внимание.
5. Не сака да имате машки пријатели. Иако постојано ви вели дека ви верува, и дека во неговите очи тие не се верување бидејќи знае како размислуваат момците. Според него, тие се фини со вас само затоа што сакаат да ве одведат во кревет.
6. Кога му велите дека сте во ред, а тоа не е вистина, се нервира. Но ако му ја кажете вистината зошто сте вознемирени, тој ја има истата реакција. Не сака да има зрел разговор со вас, ниту пак да го реши проблемот, туку само да се жали за која одлука и да ја донесете.


7. Има навика да ве заборави со часови, па дури и со денови. Сте го побарале и не ви се јавил, или сте му пишале порака и сте добиле одговор по неколку денови. Тој воопшто не се труди да ве побара прв, ниту пак му паѓате на памет кога не сте заедно.
8. Кога ќе се видите секогаш е пијан. Не се сеќавате кога последен пат сте го виделе трезен. Дури ни за оние денови кога ви е важно тој да биде најдобрата верзија од себе, како одредени настани, приватни или професионални за кој ветил дека нема да пие.
9. Сексот е единствениот вид внимание што ви го дава. Тој никогаш не ве држи за рака во јавност, ниту пак додека седите на каучот. Никогаш не ве бакнува во образ или на чело. Не ве држи близу до вас, ниту пак ве прегрнува (без план да има секс).
10. Постојано вика на вас. Дури и кога не сте направиле ништо погрешно. Ако сврти на погрешна улица, ве обвинува вам, ако ја пропушти омилената серија – повторно, вие сте криви! Вие сте негова боксерска вреќа на која ги истура сите фрустрации.
11. Изгледа како да не му пречи ако не се видите подолго време. Вие сте оние што ги прават плановите, па мора секогаш да се адаптирате на неговиот распоред. Тој дури нема да ви каже ни дека му недостигате ако не сте нашле слободно време да се видите.
12. Прави да се чувствувате анксиозно. Ви предизвикува главоболки. Болки во стомакот. Дури и кога сте добро расположени кога ќе се видите, потребни му се само неколку минути за да ве турне во лоши расположение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.