Занети со рекордни 800 натпревари во дресот на Интер

Неуништливиот Хавиер Занети во четврток го одигра 800 официјален натпревар за  Интер, кој во мечот на гостувањето против Васлуиј славеше со 2:0 во првиот меч од Европа лигата.

Занети во Интер стигна во 1995 година од Банфилд, а капитен стана во 1999 година.

„Среќен сум и горд заради толку важниот дострел, 800 натпревари во кариерата и тоа во толку престижна екипа како што е Интер. Најважно ми е тоа што и натаму чувствувам дека и помагам на екипата“, рече Занети, осврнувајќи се на 17-те години поминати во Интер.

Тој изрази надеж дека на крајот на сезоната ќе подигне уште еден или два трофеја.

„Потоа ќе има време за семејството и размислување што понатаму“, рече Занети.

 

Преземено од МакФакс   www.makfax.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: