Кои се предвидувањата на Баба Ванѓа

Ако им веруваме на предвидувањата на Вангелија Гуштерова, бугарската слепа пророчица позната под името Баба Ванѓа, на светот не му се пишува добро.

 
 
Пророштвата, визиите и предвидувањата на иднината отсекогаш ја окупирале човечката имагинација. Но што кога нечии претскажувања се остваруваат едно по друго во точно прогнозираните години?
 
Баба Ванѓа, со години однапред, го предвидела потонувањето на руската подморница Kursk, нападот на американските кули-близначки, смртта на принцезата Дајана, а и сопствената. Во откривањето на иднината Баба Ванѓа има значајно место.
За ноември 2010 година го запишала почетокот на Третатa светска војна, по обидот за атентат врз четворица државници и конфликтот во Хиндустан, на подрачјето на Индија ќе започе војна од светски рамки во која нема да се штеди нуклеарното, ниту хемиското оружје.
Баба Ванѓа говорела на многу чуден дијалект кој го толкувале и запишувале нејзините пријатели и роднини. Меѓу нејзините толкувања запишана е ужасна судбина за наредните години.
 
 
2014 година – Многу луѓе ќе страдаат од чирови, рак на кожата и слично, како последица од хемиската војна.
2016 година – Европа ќе биде речиси ненаселена.
2046 година – Ќе се одгледуваат сите човечки органи.
2088 година – Нова болест: стареење за неколку секунди.
2111 година – Луѓето ќе станат живи роботи – киборзи.
2183 година – Колонија на Марс бара независност од Земјата.
 
Листата продолжува. Баба Ванѓа предвидела и целосно напуштање на Земјата како прибежиште на човештвото во 3797 година.
Вештачки сонца, глад, нови раси, енергија од ништо, менување на силата на гравитацијата, патување низ времето, преселување на другите планети е неизбежно, смета Баба Ванѓа.
 
Новиот ѕвезден систем ќе биде дом на нашите потомци. Во, за нас далечната, 4509 година човештвото ќе се развие до тој степен што ќе може да комуницира со Бог.
Иднината според Баба Ванѓа е со ограничен рок на траење. Крајот на светот го предвидува за 5079 година. Досегашните точни предвидувања не наведуваат на размислување, без оглед на тоа што долгорочните предвидувања на Баба Ванѓа звучат како научно – фантастичен филм.
Зa некои работи и самите ќе можеме да кажеме дали се оствариле!Ако им веруваме на предвидувањата на Вангелија 

Пронајдете не на следниве мрежи: