Бактериите се насекаде околу нас, не можеме да ги избегнеме, па затоа и нема причина да се “драматизира” околу тоа.Но, можеби не би било лошо да се обидете да ги избегнете барем местата на кои бактериите најчесто се “собираат”.
Пролетта ќе пристигне кај и да е, па сигурно планот ви е редовно да вежбате (освен ако не спаѓате во оние малкумина кои вежбаат во текот на цела година…) за да се стегнете пред летните одмори.
Теретаните се идеална средина за бактериите, што е и логично: многу луѓе се потат во затворен простор.
Иако од тоа не можете да побегнете, и веројатно нема да ви биде ништо, не е лошо да имате во предвид кои места во теретаната се највалкани.
Перничиња
Внимавајте на заедничките перничиња, велат докторите. Подлогата за пилатес или аеробик кои се како перничиња, не би требало да ги делите со другите луѓе.
Имајте во предвид дека во теретаните ретко кој се занимава со перење и дезинфицирање.
Значи, ако не сте во можност да носите со себе сопствено перниче за вежбање, задолжително земете голем пешкир кој ќе го постелите над она кое ви е на располагање во теретаната.
Иако можеби ова ви делува како непотребен совет (“секако дека ќе користам пешкир, тоа се подразбира”), следниот пат кога ќе вежбате, погледнете околу себе – ќе видите дека секој втор посетител во теретана лежи (и се поти) директно на перницата.
Тегови
Теговите се користат од многу луѓе за краток временски период, па така вие ќе ракувате со вистински рај за бактерии.
Тоа, секако, не значи дека не треба да ги користите, но би било паметно кога ќе завршите со вежбите со тегови да одите и да ги измиете рацете.
Седиштето на велосипедот
Јасно е дека местото на кое луѓето седат и се потат е вистински рај за бактерии. Значи, или испрскајте го со средство за дезинфекција или седнете врз пешкирот.
Шкафшињата и подот во соблекувалната
Подобро е во торбата за опрема да имате и ќеса во која ќе ги ставите сите работи, за да не треба да ја ставате гардеробата во шкафчето кое го користеле кој знае колку луѓе пред вас.
Што се однесува до подот, никогаш немојте да одите боси.
Иако можеби ова ќе ви делува претерано, и иако е факт дека тие бактерии во најголем број од случаите нема да ви наштетат, ништо не ве чини да водите сметка.
Габичните инфекции се лечат со години.
Пронајдете не на следниве мрежи: