“Google” не почнал да се развива во гаража,”eBay” не настанал поради љубовта на неговиот основач кон девојката која собирала бомбони, а ни “Youtube” не е смислен од забава. Дури и приказната за почетокот на “Facebook” е под знак прашалник.
Полемиката околу “YouTube”
Како што пишува “CNNMoney.com”, ни приказната за настанувањето на “YouTube” не држи вода.
Првобитно се раскажуваше дека идејата за оваа интернет страна настанала на една вечера во Сан Франциско на која 27 годишниот основач Стив Чен и неговиот пријател Чад Харли снимале кратки филмови.
Проблемот се појавил кога проговорил колегата на Чен, Џејвед Карим, коосновачот на сајтот.
Тој тврди дека вечерата никогаш не се случила, и дека идејата за споделување на видео снимки всушност е негова.
Чен делумично ја потврдил приказната, но сепак вели дека вечерата се случила, но дека сето останато е малку маркетингшки “напумпано”.
“Starbucks” вила
Своја “лажна приказна” има и познатиот ланец на кафетерии “Sturbucks”. Таа е поврзана околу логото на компанијата.
Имено, нејзиниот основач Хауард Шулц во својата автобиографија напишал дека неговиот деловен партнер Тери Хеклер проучувал многу стари морнарски книги и дека логото на компанијата е базирано на викингшка древна резба од 16 век.
Сепак, како што пишува на блогот “Got Medieval”, Викинзите во 16 век веќе биле изумрени, а логото на компанијата е пронајдено во книга на стари симболи во која се наоѓа и цртежот на вилата Мелусина.
“Google” не е од гаража
И “Google” има своја приказна за почетоците во гаража, но настанувањето на компанијата не се одиграло токму така.
Основачите Сергек Брин и Лари Пејч веќе две години биле сопственици на компанијата, како и на капитал од милион долари, кога сакале да и помогнат на една пријателка и како канцеларија за работење ја изнајмиле нејзината гаража.
Еден период навистина работеле во таа гаража, но дефинитивно не почнале таму.
Девојката на Закерберг не е измислена?
Приказната за настанувањето на “Facebook” делумно ја исконструира Холивуд.
Имено, во филмот “Социјалната мрежа” се појавува ликот на Ерика Олбрајт за која сценаристите тврдат дека му била девојка на Закерберг.
Имено, поради раскинувањето со неа, основачот на “Facebook” се опијанува и започнува сопствен “сајт”.
Вистина е дека Марк Закерберг во својот онлајн дневник споменува девојка која била “иницијалната искра” за започнување на сајтот за оценување на привлечност “FaceMash”, но нема докази дали некогаш бил во врска со неа.
Покрај тоа, Закерберг тврди дека идејата за “Facebook” ја добил гледајќи го порталот “Friendster” и дека тоа не била идеја на близнаците Винквос.
Пронајдете не на следниве мрежи: