Усеин Болт и Рио Фердинанд имаат една заедничка работа, и двајцата сакаат реге музика, за која Болт смета дека не е на нивото на кои би требало да биде во светот.
Најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт, вели дека тој и Рио Фердинанд имаат доволно контакти во музичкиот бизнис и дека нема да им биде тешко реге музиката од Јамајка да ја подигнат на светско ниво, како што успеал тој да се избори во спортот.
„Уште од Боб Марли не сме имале музичар кој е познат во целиот свет. Верувајте ми дека на Јамајка има еднакво добри музичари како што има и спринтери, само им недостасува промоција. Мораме сите да се здружиме и да помогнеме така што ќе учествуваме во нивните музички спотови“, вели Болт.
Пронајдете не на следниве мрежи: