Најтажни филмови на сите времиња

Кој е најтажниот филм на сите времиња? Ние одбравме неколку за вас, кои кога и да ги гледате ќе украдат солзи од вашите очи. 1. Титаник (“Titanic“) –  една од најдобрите љубовни приказни, која не остава рамнодушен никој. Овој филм е еден од најгледаните на сите времиња.

 

2.  Зелената милја (“The green mile“) – Неверојатно моќен и тажен филм. Одлична драма каде што големината на еден човек не е ни најмалку важна како големината на неговата душа.

3.  Нотес (“The notebook“) – Оваа романтична сага на младите и безгрижни  Али и Ноа ќе ви го покаже патот на една љубов се до нивната старост.

4.  Приказна за кучето (“Hachi: A dog`s tale“) – Вистинска приказна за пријателството кое може да трае засекогаш. Љубовта и лојалноста на кучето Хачико кон својот сопственик  е голема.

5.  Шампион (“The champ“) – Поранешниот шампион во бокс, повторно се враќа на рингот за да му овозможи на својот син подобра иднина. Гледајќи го малиот Рики како го моли татко му да не умре ќе предизвика солзи кај секој човек.

6.  Еден ден (“One day“) – По ноќта помината заедно пријателите Декстер и Ем се среќаваат секоја година на истиот датум, раскажувајќи си за своите животи за подоцна да сфатат дека не можат еден без друг.

7.  Љубовна приказна (“Love story“) –  романтична драма позната како трагична драма помеѓу  болната од рак Џенифер и Оливер кој не е во можност да ги плати болничките трошоци.

8.  Град на ангелите (“City of angels“) – Николас Кејџ и Мег Рајан ќе ве натераат во еден здив да го изгледате филмот, кој при самиот крај има неочекуван исход.

9.  Армагедон (“Armageddon“) – филмот едноставно е неверојатен со драматичен крај, каде што љубовта е поголемна од универзумот. 

10.  Плажи (“Beaches“)  – приказна за две пријателки кои успеваат да останат во контакт дури три декади и покрај се што ќе се случи во текот на животот. Приказна за вистинско пријателство.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: