Американската полиција излезе со повеќе детали за инцидентот во Њујорк во петокот изутрината, во кој две лица загинаа, наведувајќи дека отпуштен работник го застрелал шефот, по што бил погоден од полицијата,
Пукотницата се случи во девет часот по локално време на Петата авенија во најстрогиот центар на Њујорк. Вкупно десет лица се повредени во инцидентот, дел од нив во престрелката, а дел во станпедото, како последица на предзвиканата паника меѓу случајните минувачи.
Њујоршката полиција го идентификуваше напаѓачот како Џефри Џонсон, стар 53 години, кој пукал од полу-автоматски пиштол од калибар 45.
Жртвата којашто ја застрелал имала 41 година и станува збор за негов надреден колега, потврдија локалните власти.
На местото на настанот веднаш пристигна градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг, кој изјави дека станува збор за „страшна трагедија.
Блумберг информираше дека во престрелката помеѓу полицијата и напаѓачот неколку случајни минувачи се повредени, но никој не е во животна опасност.
„Њујорк е еден од најбезбедните градови на светот, но ниту тој не е имун на епидемијата злосторства сторени со огнено оружје во Америка“ рече Блумберг.
Двајца припадници на полицијата, кои побараа да останат анонимни, на новинарите им рекоа дека убиецот бил вчера отпуштен од една од продавниците во Емпајер стејт билдинг и дека денеска на почеток на работниот ден го сочекал својот поранешен шеф и го убил.
Емпајер стејт билдинг, облакодер висок 442 метри, една е од најпопуларните туристички дестинации на Њујорк.
Преземено од МакФакс www.makfax.com.mk
Пронајдете не на следниве мрежи: