Холивуд подготвува своја верзија на „Величествениот“

Серијата „Харем“ ќе има шест епизоди и ќе се снима според оригиналната идеја на актерката Ѓина Гершон. Снимањето е веќе започнато.

 

 Големиот успех на турската серија „Сулејман Величествениот“ во светот ги натера Американците да побрзаат со нивната верзија на серијалот за подемот и падот на Отоманската империја, а како продуцент на мини серијата „Харем“, се јавува компанијата „Старз“, која го има реализирано и популарниот серијал „Спартак“.

Планирано е „Харем“ да има шест епизоди и ќе се снима според оригиналната идеја на актерката Ѓина Гершон, а сценариото ќе го работи Ана Пикок. 

Во центарот на вниманието ќе биде убавата робинка Рокселана со чија мажачка за Сулејман започнува доба на “Владеењето на жената“.

Засега не се познати имињата на актерите кои ќе се појават во серијата „Харем“, а кој знае, можеби Бред Пит, наместо во турскиот „Сулејман“, ќе заврши во неговата американска верзија.

Пронајдете не на следниве мрежи: