Мртвиот рапер го најавил своето самоубиство на Твитер

Наводно младиот рапер се самоубил поради невозвратена љубов…

 

Раперот Фреди Е. (22) се самоубил со пиштол во својот стан откако на Твитер напишал неколку вознемирувачки пораки.

„И мојот ден е уништен. Ако постои Господ, нека ме викне кај себе. Студено е, и подобро би умрел отколку да живеам сам“, напишал Фреди на Твитер.

„Жал ми е“, гласи последниот твит на раперот.

За неговата смрт многумина ја обвинуваат раперката Хани Кокаин во која пукаа минатата година по настапот во Небраска.

„Се сакавме и бевме многу блиски. Треба да им е срам на сите оние кои ме обвинуваат декај јас сум го поттикнала Фреди да го направи тоа, но ако сакате, мразете ме“, напишала Хани на Твитер.

Пронајдете не на следниве мрежи: