Како до жежок секс со нов дечко?

Сексот за прв пат со нов дечко може да биде непријатен и да ствара нервоза.

Ви претставуваме 7 начини како да го избегнете ова.

Бидете сигурни дека сте подготвени – многу е важно да имате секс само доколку се чувствувате сигурни дека сте спремни за овој чекор. Многумина се осудуваат на овој чекор само за да остават добар впечаток кај партнерот а не дека се спремни за тоа. Тоа е една голема грешка.

Поставете си реални очекувања – кога еднаш сте одлучиле дека сте спремни за секс, треба да си поставите реални очекувања дека првиот пат нема да биде совршено. Потребно е повеќе време да го запознаете телото на вашот партнер, а тоа е невозможно уште првиот пат. Но, тоа воопшто не е причина за стрес или нервоза, со тек на време секако дека тоа ќе се подобри.

Облечете нешто убаво –  докажано е дека чуството на самодоверба и задоволство претставува голем и важен фактор. Убаво парче на долна облека, фустан или некој додаток кој би ве направил задоволни и полни со самодоверба би бил голем плус во ваква ситуација. 

Предигра – предиграта е многу важна, посебно при почетоците на една нова врска каде партнерите сеуште си ги запознаваат своите тела.

Зборувајте еден со друг – зборувањето меѓу себе, поставувањето прашања за време на сексот може само да помогне и да ја засили врската меѓу партнерите. Нема ништо лошо  во тоа отворено да се разговара за сите меѓусебни потреби.

Релаксирајте се –  за вистинско и максимално уживање за време на сексот потребно е да излезете од вашата глава и да влезете во вашето тело.  Стресот е еден од најголемите непријатели на добриот секс. Фокусирајте се на моментот и уживајте.

Смејте се – нормално дека ќе се појават и непријатни моменти за време на сексот. Во таквите моменти наместо да се препрвате дека се е во ред и дека уживате, слободно изнасмејте се и отворено разговарајте со партнерот. Сексот е игра.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: