Руските научници развија нов метод за да се заштити Земјата од астероидите, тие предлагаат да се уништуваат опасните вселенски тела што ја загрозуваат планетата со изменување на нивната траекторија со удари со други астероиди.
Астероидот ноќта кон четврток околу два часот по македонско време ќе прелета на оддалеченост од 14,5 милиони километри од Земјата.
„Станува збор за насочување на малите астероиди кон опасните, поголемите. Фокусот е во тоа што за да се промени во саканата насока траекторијата на астероидот ’проектил’ ќе се искористи гравитационото движење од Земјата. Со помош на гравитационото движење можно е да се достигне зголемување на брзината до три километра во секунда и притоа за влегување во траекторијата на таквото движење е неопходно да се ’најдат’ астероиди чија брзина е само 2,5 метри во секунда“, вели за РИА Новости еден од авторите на проектот, вишиот истражувач во Институтот за вселенски истражувања, Натан Ејсмонт.
Групата научници во која соработувал Ејсмонт, во која биле вклучени и други научници од рускиот Институт за вселенски истражувања и Московскиот институт за електроника и Математика (МИЕМ) ВШЕ предводена од американскиот научник Дејвид Данам, во Русија формираа лабораторија за математичко моделирање на методите за заштита од астероиди и комети. Проектот е финансиран откако победи на конкурсот на руското министерство за наука.
Сега научниците подготвуваат заштита на Земјата од можен удар на астероидот Апофис (2004 MN4). Ова околу 300-метри долго вселенско тело беше откриено во 2004 година, и првично откритие предизвика тревога, бидејќи пресметките покажуваа дека постои веројатност од 2,7 отсто дека Апофис ќе се судри со Земјата во 2029 година. Новите податоци овозможуваат да се исклучи оваа закана.
Сепак, по блиската средба со Земјата во 2029 година, неговата орбита може да се промени, па научниците сé уште не можат целосно да го елиминираат ризикот од судар на Апофис со Земјата во 2036 година. Во овој случај, би се одиграла експлозија еквивалентна на неколку стотици мегатони тротил, а на местото на ударот би останал кратер со дијаметар од неколку километри, односно експлозија од најмалку 141 мегатон што е речиси трипати повеќе од ударот на најголемата нуклеарна бомба кога и да е тестирана.
Ејсмонт и неговите колеги предлагаат да се примени астероид „проектил“ со помош на ткн гравитациона маневра и да се избие Апофис од „опасната патека“. Гравитационата маневра би овозможила значително зголемување на брзината на вселенското тело со помош на масата на планетата. Со оваа помош многу меѓупланетарни летала инаку се испратени до далечната периферијата на Сончевиот систем речиси нетрошејќи го горивото.
Пресметките, според Ејсмонт, покажуваат дека за искористување на гравитационата маневра од Земјата треба да се најде астероид „проектил“ со дијаметар од 15 метри и маса од 1.400 тони за што доволно ќе видат до 1,2 тони гориво (тетраоксид азот и хептил) и мотор за влечење од околу 30 килограми.
Научниците предлагаат лансирање со ракета „Сојуз“ апарат-светилник кој ќе биде поставен кон Апофис, проект што се развива во два руски института. Вториот апарат, двигателот на „проектилот“, пак, би бил лансиран со ракетата „Протон“.
Најсоодветен кандидат за „проектил“ научници веруваат дека е астероидот 2011 UK10. За да го „нокаутира“ Апофис во јуни 2027 година, придвижувачот за него мора да биде лансиран во декември 2021 година, а слетувањето би се случило во август 2022 година. Постои втора верзија на оваа мисија, според која се пресметува судар на „проектилот“ со Апофис во 2031 година.
Според Ејсмонт, овие предложени методи се најефикасните.
Другите методи, како што е користењето на „гравитацискиот трактор“ (масивен сателит, чијашто гравитација постепено ќе ја коригира траекторијата на астероидот), или бојосување на тела со рефлексивна боја за да се зголеми притисокот на сончевата светлина, би имале многу мал ефект врз астероидот, и за нив е неопходно многу долго време.
Употребата за отклонување на астероидот со нуклеарна направа создава премногу големи тешкотии, како што се политички проблеми и еколошките. Заканата од несреќа при лансирање и пад на летало со нуклеарно полнење невозможно е да се исклучи.
Според раководителот на проектот, Дејвид Данам, извештајот за проектот ќе биде претставен во април 2013 година на конференцијата за планетарна заштита во американската сојузна држава Аризона.
Европскиoт вселенски телескоп „Хершел” ја состави првата термичка мапа и ги уточни димензиите на Апофис, кој ќе пролета на минимална оддалеченост од Земјата за неколку часа пишува во средата интернет страницата на Европската вселенска агенција (ЕСА).
Астероидот Апофис (2004 MN4) во моментов е најсериозната закана за можен судир со Земјата. Во 2029 година, тој ќе биде на растојание од околу 37.500 километри од Земјата – во висина од геостационарните сателити. Минувајќи поблиску до Земјата под дејство на нејзината гравитација Апофис може да ја промени својата орбита, така што следното приближување кон нашата планета во 2036 година, би можело да претставува и судар.
Телескопот „Хершел“ го изведе првото набљудување на Апофис во различни зони од инфрацрвениот дијапазон, и исто така ја прецизираше неговата димензија. Додека претходните процени за дијаметарот на астероидот изнесуваа 270 плус/минус 60 метри, податоците на „Хершел“ покажуваат дека тој е малку „подебел“ – 325 плус/минус 15 метри.
Пронајдете не на следниве мрежи: