Крадец остави зад себе засрамувачка трага по која лесно го фатија

Полицијата уапси тинејџер во Северна Каролина по следењето на трага од чипс која ги водеше од продавница до локална резиденција каде што престојуваше.Остин Ли Вестфал Преслер (19) беше уапсен на 6 јануари во Кершо Каунти, откако наводно украл пиво, цигари, чипсови и енергетски пијалоци од локалната продавница „Касат Кантри“. Повиците кои беа упатени во канцеларијата на шерифот од страна на „ABCNews.com“не биле веднаш возвратени.

 

Менаџерот на продавницата Хауард Бакхолз изјави за ABCNews.com, дека Преслер украл само 160 долари вреднос на стока, но предизвикал 2.500 долари штета.

„Дечкото провали во нашата продавница во 2:30 по полноќ, во неделата наутро. Ние бевме повикани утрото во 3:15. Човекот што вози камион со гориво рече дека предната врата била разбиена, така што дечкото влегол внатре. Тој ја разбил вратата, го расфрлил фрижидерот со пиво и украл пиво, цигари и во брзање уништил неколку две или тр кеси „Читос“ чипс“.

Чипсовите беа расфрлани на целиот под на продавницата и кај влезната врата. Бакхолз рекол дека соседот од другата страна на улицата му кажал на него и на полицијата, дека колата што Преслер ја возел била паркираната од другата страна на улицата пред „Hard Times Cafe“.

Чипсовите беа расфрлани и на паркингот, точно на местото каде била паркирана неговата кола и кај неговото живеалиште“, изјави Бакхолз.

Преслер не живее во таа област, но престојува со некој кој живее многу блиску до продавницата.

„Беше премногу лесно да го фатиме, навистина брзо го најдовме“, изјави полицијата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: