Неолку работи што жените ги прават подобро од мажите

1. Жените учат подобро- жените за разлика од мажите се подобри во учење и студирање, кажуваат научниците.Тоа се должи на поголемата способност на мозокот за проширување на видиците. Жените се смета дека се по внимателни, по нежни, флексибилни и организирани.

 

На работното место се приспособуваат полесно на работната задача и може да бидат одлични соработници.

2. Попаметни се- според резултатите споредени од повеќе IQ тестови од различни земји како САД, Нов Зеланд, Канада, Аргентина, Естонија и други, жените имаат повисока интелигенција од мажите.

3. Жените се попедантни- истражувачи од Универзитетот во Сан Диего, кажуваат дека жените се почисти и попедантни од мажите. Канцелариите и работните маси на мажите имаат за 10 до 20 проценти повеќе бактерии од тие на жените.

4. Се хранат поздраво- 14.000 луѓе од Универзитетот во Минесота биле испитувани во врска со нивниот начин на исхрана. Резултатите покажале дека жените се хранат поздраво за разлика од мажите. Мажите многу често користат готова брза храна, додека жените посветуваат повеќе внимание на здравата исхрана со зеленчук и овошје. Единствена зебелешка е добро познатата зависност на жените од чоколада, но кој би можел да одолее, нели?

5. Жените се подобри менаџери- оваа тема е доста контроверзна, но сепак голем број анкети покажале дека жените се подобри менаџери од мажите. Жените се многу често добри ментори, шефови, знаат да ислушаат, и полесно се поврзуваат со соработниците и работната задача, со што стануваат помотивирани, тоа ги прави подобри менаџери. 

Пронајдете не на следниве мрежи: