Вградил „плочки“ на градите за да освои девојка

Донован Нелсон од САД вели дека цел живот редовно вежба, но дека годините веќе го стигнале. Бил на липосукција и на други пластични операции за да изгледа добро. Донован (54) бил на ласерска липосукција, на која му вградиле силиконски „плочки“ на градите, за да ја воодушеви својата 24 годишна девојка. Тој редовно вежбал ивнимавал на линијата додека бил млад, но сепак смета дека со годините се е променето. Донован објаснил како родителскиот живот и работа се одразиле на неговото тело. Цело време бил под притисок бидејќи сите жени во неговиот живот биле помлади од него. Дури и неговата поранешна сопруга била 21 година помлада. За да го надмине овој проблем, одлучил да се стави „под нож“.

 

„Јас се уште вежбам редовно, но сепак не е лесно на овие години. На некои делови од телото и понатаму ми се собира маснотијата, од која веќе не можам да се ослободам“, вели Донован. Пред шест месеци почнал со пластични  операции, а кажува дека во ниеден момент не зажалил.

„Се чувствувам многу подобро сега и не морам веќе да мислам на тоа како изгледам. Секое лето идам на Ибица, а последните две години ми беше непријатно. Би им препорачал на другите мажи да вежбаат, но знам што ги чека. Можеби операцијата е подобра опција“, заклучил Донован.

Дејли Меил кажува како тој е навистина задоволен и најчесто не му веруваат за своите години.

Пронајдете не на следниве мрежи: