1. Одете сами на одмор- патување заедно со вашите пријатели секако дека може да биде забавно, но ве ограничува. Тргнете на одмор сама. Одберете некоја екзотична локација како Индија, Нов Зеланд и Тајланд. Не плашете се, најдете добар водич и тргнете во една добра авантура, запознавајте нови луѓе.
2. Проширете ги вашите хоризонти- доколку сте сами, имате доста слободно време што може да го посветите на самите себе. Запишувајте се на различни курсеви, учете, надградувајте го вашето знаење. Можностите и изборот се огромни, само треба да покажете интерес.
3. Променете кариера- доколку не сте задоволни од вашето работно место, сега е вистинското време да превземете нешто. Докажано е дека периодот кога сте слободни без партнер е одличен период за големи промени во вашиот живот. Направете ги!
4. Уживајте сами пред телевизор- пуштете ја вашата омилена телевизиска серија и уживајте. Вашиот партнер сигуно не би бил воодушевен доколку треба со вас да гледа како Ким Кардашиан ги лакира своите нокти, но сега, имате време сами да уживате во тоа.
5. Научете да правите работи што досега сте сметале дека неможете- работните обврски и задачи многу често се поделени на машки и женски. Една жена тешко би се снашла во менување на гума, време е да се посветите на тоа. Мажите ги избегаваат кујнските обврски, тука нема ништо страшно. Дел од слободното време што го имате кога не сте во врска треба паметно да го искористите. Подобрете се во тоа што сте мислеле дека ви е слаба страна.
Пронајдете не на следниве мрежи: