Доколку не се сеќавате кога последен пат сте доживеале незаборавни моменти со партнерот, не би било лошо да послушате некои од советите со кои загарантирано ќе го скратите патот до оргазамот.
За почеток, не го присилувајте партнерот на секс, и имајте во предвид дека однапред испланираните игри во креветот сигурно нема да ве доведат до побрз оргазам.
Обидувајте се да ги избегнувате следните ситуации кои се најголеми непријатели на сексуалното уживање:
1. Присилен секс
Најчесто припадничките на понежниот пол се нерасположени за разменување нежности со партнерот.
Без оглед на тоа што веќе однапред се пожалила на “главоболка” мажот тргнува во акција, но во повеќето случаи ваквиот секс не останува во добро сеќавање.
Доколку веќе неколку пати ви се случила ваква ситуација, не би било лошо искрено да поразговарате со својата поубава половина, бидејќи во вашиот љубовен однос очигледно нешто не е во ред.
2. Себичен љубовник
Жените најчесто се трудат сексуалниот партнер да го остават без здив. За жал кај мажите ситуацијата е малку поинаква.
Доколку сте забележале дека партнерот не е наклонет кон задоволување на вашите потреби и желби, можете да се помирите со фактот дека патот до оргазамот ќе трае долго или веднаш тргнете во потрага по маж кој ќе се потруди и вие да максимално да уживате во сексот.
3. Рутински секс
Досадниот сексуален живот не е ништо невообичаено кај партнерите кои се во долги врски.
Но, за да можете да уживате како на почетокот на вашата врска, потребно е од време на време нешто да промените.
За почеток, не би било лошо да ја промените позата.
Пронајдете не на следниве мрежи: